Абе: Русија да придонесе за решавањето на проблемот со Северна Кореја

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека очекува од Москва да даде значителен придонес во решавањето на проблемот со Северна Кореја.

– За време на мојата посета на Русија имав можност да разговарам со рускиот претседател Владимир Путин за проблемите поврзани со Северна Кореја. Очекувам Русија да одигра значајна улога во решавањето на тој проблем, нагласи Абе.

Тој истакна дека, Токио ќе ја продолжи блиската соработка со САД, Кина и Русија кога станува збор за ситуацијата на Корејскиот Полусотров и има намера да ја продолжи „политиката на дијалог и притисок“ кон Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија