Абделбасет Сида го повика Обама итно да дејствува

Од:

Претседателот на САД Барак Обама не смее да чека евентуален реизбор во ноември, за да дејствува со цел да стави крај на убиството на илјадници цивили во Сирија, изјави лидерот на главната сириска опозициска група Абедлбасет Сида.

Новиот претседател на Сирискиот национален совет (СНС) Абделбасет Сида, за американската телевизија Си-Ен-Ен, истакна дека за Сиријците е неприфатливо Обама да ги чека претседателските избори во ноември.

– Не можам да разберам зошто една суперсила ја игнорира смртта на илјадници сириски цивили поради едни претседателски избори, кои претседателот може да ги добие или изгуби, нагласи Сида.

Претседателот на САД, кој е концентриран на предизборната кампања, го повика сирискиот колега Башар ал Асад да поднесе оставка и обезбеди материјална поддршка за опозицијата. Сепак, Обама целосно ја отфрли идејата САД да преземат воена интервенција во Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски