Абас: Неопходно е трајно решение по три војни

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа изјави дека најновата војна меѓу израелската војска и Хамас ја истакна потребата за изнаоѓање на трајно решение со Израел.

– Што е следното? Газа доживеа три војни. Дали да очекуваме нова војна за година или две? Дали дотогаш тоа прашање ќе биде без решение, изјави Абас во телевизиското обраќање до Палестинците од своето седиште во Рамалах во Западен Брег.

Советниците на Абас наведоа дека тој ќе побара од Советот на безбедност на Обединетите нации повлекување на Израел од сите територии окупирани во шестдневната војна во 1967 година, со цел да се овозможи создавање на независна Палестина.

Се очекува Абас, лидерот на секуларен Фатах, ривал на Хамас, под чија контрола е Појасот Газа, да има главна улога во секој нов договор за режимот на границите.  Абас ја изгуби контролата над Појасот Газа во средината на 2007 година. Оттогаш Абас го контролира само Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ