Абас на средба со Ердоган

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.

Абас вчера пристигна во Анкара во тридневна официјална посета на покана на Ердоган.

Палестинскиот претседател денеска беше пречекан со официјална церемонија во турската престолнина.

По разговорите на Абас со Ердоган во турското претседателство, двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција.

На официјалната церемонија во Анкара присуствуваа потпретседателот на Турција Фуат Октај, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, директорот за комуникации на турското претседателство Фахретин Алтун, портпаролот на претседателот Ибрахим Кален, гувернерот на Анкара Васип Шахин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа