Абади: Исламска држава е закана за целиот регион

Од:

Премиерот на Ирак Хајдар ел Абади изјави денеска дека неговата држава е во војна со терористи кои се закана за целиот регион и кои настојуваат да ги поделат муслиманите. Изјавата ја даде за време на средбата со Хасан Рохани, претседател на Иран. Абади престојува во еднодневна посета на Иран каде разговараше и со потпретседателот на Иран Есак Џахангири.

– Ирак не се бори само против тероризам. Тоа е голема војна со сите такви групи, изјави Абади.

Пред посетата тој рече дека е исклучена можноста за странска воена интервенција против Исламска држава.

– Нам не ни требаат странски војници. Не постои држава во светот што е подготвена овде да се бори и да ви ја врати државата дури и ако и побарате, нагласи Абади.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад