А1 РЕПОРТАЖА: Паркот Скансен – првиот музеј под отворено небо

Од:

Музеј под отворено небо – така изгледа паркот Скансен во Стокхолм. Основан 1891 година од Артур Хазелиус, со идеја да се покаже оргинално и директно каков бил животот во различни делови низ Шветска низ вековите – останува една од главните туристички атракции во Строкхолм.

На островто Дјургарден поставени се 150 куќи и фарми, животни и растенија донесени од различни делови од Шведска. Она што е интересно е фактот дека овие куќи не се одново градени, туку буквално донесени од сите делови на оваа северна земја во нивната оргиналност. Покрај домувањето кое ќе ве прошета низ вековите, овој парк во себе содржи зоолошка градина, кварт за музички случувања и плоштади.

Ова е првиот и најстар музеј под отворено небо, кое во облик на етно село ќе ви покаже не само како изгледале домовите, туку и како се живеело во нив. Тука им вработени на кои во дескрипција на работното место им стои дека е потребо да живеат во куќите и во нивната оргиналност да презентираат обичаи, традиција и начин на живот од различни периоди. Скансен нуди уникатна историска и културна средина во која актерите ќе ви го демонстрираат животот на шведскиот народ.

Ќе видите жена која ткае на разбој, занаетчии кои работата со техники од периодот кој го презентираат, пекарите кои печат леб на дрво, стакларите сеуште дуваат во стаклото, керамичарите ги покажуваат своите вештини кои биле употребувани пред два или три века, а жените и мажите се облечени во традициопнални носии.

Некој од луѓето кои ќе ги сретнете едноставно се ангажирани да шетаат по тесните сокачиња и шармантни патчиња на Скансен, создавајќи со својата автентична облека чувство кај посетителите дека се трансферирале во друг век. Дури и игрите кои се играат на полјаните низ паркот се игри од минатотот, од скокање на јаже, до одење на така наречените штакор стапови.

Куќите кои биле градени од 1680-та па се до денеска, од сите краеви на земјата, се испратени парче по парче во Стокхолм и повторно изградени и расфрлани насекаде низ островот Дјургаредн на површина 300.000 м2. Овој музеј под отворено небо е отворен 1891 година и од тогаш е модел за сите други историски инсталации од овој вид.

Создавањето на Скансен е поврзано со романтични идеи и патриотски дух од вториот дел на деветнаесеттиот век, од кои Хазелиус бил под силно вилјание Во 1891 кога тој го купува првиот дел од земјата на Скансен, запишува во неговата биографија: „Во моите мисли беше всадена идеја за основање музеј кој за разлика од било кој постоечки ќе биде еден музеј под отворено небо посветен на фолклорот и историјата на цивилизацијата”.

Еве само дел од она што ќе сретнете тука.

Куќи донесени од областа Готланд, изградени уште во 16 век. Овие куќи биле градени со цел да им служат најдобро на оние кои живееле во нив – сточарите. Па така најголемиот дел од ови куќи се така направени што во нив најмногу простор се одвојува не за домување туку за преку зимскиот период стачарите да имаат каде да им обезбедат топло засолниште на овците и коњите кои им биле главен извор на егзистенција.

Една од најимпозантните куќи е фармата на Екскард која овдека е донесена од парохијата Вармаланд. Оваа голема куќа била изградена 1820 година од страна на правниот службеник на кралот Јан Олоф Палин. А понекогаш служела и како локален суд и канцеларија на кралската круна. Она што е интересно дека ова е една од првите куќи во Шведска изградена на два спрата.

„Колибата на војникот“. доаѓа од областа Смаланд. Тоа е куќа за едно семејство. Изградена е приближно 1800-тата година од трупци и покриена со трева и живописно обоена со традиционалната црвена боја. Бојадисувањето било типично за семејствата на бројните војници кои и служеле на државата.

Од целиот парк постојано е видлива Бредаблик кулата. 30 метарскиот објект е еден вид ориентациона мапа во паркот Скансен. Ридот на кој е изградена се издига на 45 метри над морското ниво. Кулата е меѓу ретките објекти која е тука изградена, а не донесена во Скансен. Сепак завидна е и нејзината дата на изградба. Изградена е меѓу 1874-1876.

Оваа е градба од 1895 година. Тогаш било многу силно движењето наречено „Друштво на воздржаните“. Ваквите објекти ова движење градело и во градовите но и во селата. Служеле како централен дел во социјализацијата но и едукацијата на шведското население. И сега во овој објект задржана е големата сала со бина, говорница и голема простор со места за седење на посетителите. Движењето на воздржаност постепено прераснало во едно од највлијателните народни движења во Шведска, кое потоа се разгранува во неколку различни организации. Добрите темпари како што се нарекуваат проповедале “целосна апстиненција од опојни средства и алкохол”.

Задниот дел на оваа зграда е прилагоден за семејството на опслужникот на зградата, Тука од близу може да се видат оргиналните садови кои биле употребувани од семејствата кои живее во 18 и 19 век.

Куќата на семејството Курхулт доаѓа Блекинг. Ова е типична куќа, со фарма и големо обраотливо земјише до неа. Зградата е веројатно од 18-ти век. Се состои од ниска куќа со споени два спрата магацини. Овој тип на куќа постои во Шведска уште од средниот век. Она што воодушевува е јужниот ѕид од куќа со мала билна градина со пчеларник од слама, и најубаво врамена со грмушки од миризлива лаванда.

Изградена во 1729, Црквата Селгора бил префрлена во Скансен во 1916 година. Таа е целата изградена од дрва. Ова црква е мошне популарна и денеска. Со оглед дека овој парк се наоѓа во јадрото на Стокхолм таа и денеска се користи за свадби, крштевки и верски празници.

Вака изгледале пак поштите во Шведска во 18 век. Зградата на поштата која е донесена во Скансен потекнува Висерум од областа Смаланд. Таа е декориран во стилот на 1910 и оддава чуство на дом на семејство од средна класа. На левата страна на приземјето е поштата кој се состои од лоби и канцеларија, во која сеуште има вработени. Доколку ги прашате тие и денеска ќе ви објаснат каков бил начинот на испраќање на писма пред повеќе од 200 години.

Десниот дел на зградата бил прилагоден за домување на поштарот и неговот семејство. Последното семејство кое живеело во оваа куќа пред да биде донесена во Скнасен, било она на поштарот Аугуст Нилсон, неговата сопруга Ана Софија и нивните 6 деца.

Вака пак изгледале куќите во Стокхолм по Втората светска војна, кога имало сериозен недостаток на храна. Куќата мала, а градината голема. Црвената колибка е од 1920 година и во нејзиниот двор биле одгледувани сите видови на зеленчуци.

Жолтата е пак 20–тина години помлада. Поткенува од 1940 година. Во нејзиниот двор сопствениците одгледувале јаболкови дрва. Преместени се во Скансен 1997 година.

Ова пак е фарма која била во сопственост на богат мини сопственик на железна руда и производител на железни производи кој живеел во 18 век. Зградите се од рударската област во Вастманланд. Со тргвијата на железо, мајсторите во 18 век формираат сопствена социјалната класа, која се разликува од обичните земјоделци и финансиски и социјално.

Пекарата е донесена од северниот дел на Шведска, поточно од местото Алврос. Во неа средновечна жена со шамја и традиционална носија меси тенок, бесквасен леб и го пече на дрво. Оваа мешавина од македонска палачинка и тенок леб бил главен прехрмбен продук во северна Шведска.

Делсбо фармата доаѓа од северо-централниот дел на Шведска и е составен од четири куќи кои го опкружуваат дворот. Оваа поставка ја претставуваа големата, просперитетна фарма во средината на 19 век. Двете куќи во кои оргинално се домувало се богато украсени со ѕидни слики. Она што било заедничко за сите големи фарми во северна Шведска е што имале посебна зграда, која била користена за големи собири на посебни прилики во текот на годината.

Хазелиус мини дворецот е куќата која припаѓала на творецот на идејата за првиот музеј под отворено небо – Скансен и на основачот на „Нордиска музејот„. Артур Хазелиус бил роден во оваа куќа 1833-тата година, а истата е изградена 30 години пред тоа 1803. Кога Артур одлучил да го изгради музејот го преместил и неговиот роден дом во Скансен. Оваа хациенда и нејзниот мебел се типичен пример за архитектура од времето на кралот Карл Јохан.

И ако ова навраќање во времето не беше доволен поттик доколку сте во Стокхолм да го посетите Скансен – тогаш треба да се знае дека овдека секогаш постои нешто што се случува. Секое годишно време има свој шарм. Лето и зима, секој ден во текот на годината, постојат многу да се види и доживее. Диви животни и култура, изложби на отворено шведското културно наслетсво на дланка.

Прославата на празници во текот на годината, со традиционални ора и народна музика. И денес Скансен може да понуди широка програма за луѓето од сите возрасти со настани за деца, настапи на популарните артисти и концерти од сите видови на музика.

ОСНОВНАТА ИДЕЈА, ‘РБЕТОТ НА СКАНСЕН ОСТАНУВА МОТОТО ЗАБАВА ЗА СИТЕ!!!

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло