А1 РЕПОРТАЖА: Кралицата на Северот – Шведска

Од:

Живот во држава во која се е средено и речиси никој не зборува за криза. Живот во земја во која е платена секоја минута работа, во која работничите права се на прво место и во која превозните компании ги враќаат парите во случај на доцнење, а на пријавените работници државата им исплаќа половина од трошоците за да го реновираат домот.

Град во кој воздухот е најчист, водата кристално прозирна, а морето секогаш блиску.

Ете така се живее во Шведска – кралицата на Балтикот, и во нејзиниот главен град Стокхолм кој го нарекуваат Венеција на север. Распослан на 14 острови на езерото Меларен и поврзан со 57 мостови, овој град има стратегиски одлична местоположба.

Иако Стокхолм е главниот и најголем град во Шведска, и со 2.1 милион жители е и град со најмногу популација во Скандинавија, уште во првиот контакт добивате впечаток како тука се функционира беспрекорно. Одлично поврзаниот јавен сообраќај дозволува да се движите непречено и организирано.

Со автобус, но и со метро може да се направи добар круг од околу 50 километри од центарот на градот. Сосема е во ред заклучокот дека во оваа метропола автомобили воопшто и не се потребни. Голем дел од популацијата на работа оди со велосипеди, но зачудува и големиот број на луѓе кои трчаат и џогираат.

За македонски услови, Шведска има одлично висок стандарт но и граѓаните екстремно големи плати. Но, затоа доколку сте турист во оваа скандинавска земја, бидете спремни да издвоите минимум 10 евра за хамбургер и 5 евра за топка сладолед.

За тоа дека времето во Стокхолм и глобално во Шведска е потполно непредвидливо, зборува и препораката од мојата пријателка – кога одиш на плажа, со себе покрај костимот за капење, не заборавај да ги понесеш и гумените дождовни чизми ( кои патем тука сите ги поседуваат) и чадор.

Темературата на 1 јуни, на прагот на летото е само 4 степени целзиусови, суров дожд и ветер со брзина од 60 километри на час. Но веќе следниот ден швеѓаните им се радува на 15 степени и сите се по кратки ракави или летни фустанчиња. И додека овдека преку зимата деновите траат едвај 3-4 часа, за време на летниот период и ноќта е ден.

Но сепак и покрај непредвидливите временски услови и екстремно високите цени, нешто магично се случува во овој град. Ова е општество за кое добивате чуство дека навистина се грижи за луѓето. Стокхолм е еден вид урбана Утопија.

Еве, како турист што треба да погледнете за да видите што го прави овој град толку посебен?

Тој е модерен, но има и едни од најстарите и најдобро зачувани градски квартови во светот. Миксот на прастара калдрма и згради од 17 век, но и сосема модрени квартови – едноставно пленува.

Стариот град или Гамластан, е јадрото на градот. Онаму каде што Стокхолм започнува, онаму од каде овој град се раѓа. Со тесни и калдрмести улички и со кривулести згради кои се чини секој момент ќе се струполат врз шетачите, а во нивното приземје, богат избор на преполни продавници – уживањето е двојно, купувате додека разгледувате.

За прв пат во историјата овој град се нотира 1215 година. Овие градби првично биле градени од дрво. Но, поради големиот број на пожари, кои на неколку пати го пеплосувале до темел градското јадро, во 17 век кога Шведска е една од најмоќните нации во Европа, овие градби се ставаат на темел на камен и цигла.

Историските хроничарите милуваат да кажат дека во тие денови Шведска била помоќна и од Русија, а Гамластан центарот на светот.

До 1980-тата овој дел од Стокхолм бил нарекуван Staden mellan broarna или градот помеѓу мостовите.

И токму на влезот на Гамластан широко отворена кон морските води е кралската палата. Една од најголемите во Европа, со кралско семејство кое сеуште е на власт. Од 1980-тата година монархијата го пронајде својот дом во Дротингхолм палатата во предградието на Стохолм, а дворецот во срцето на градот го употребуваат како работно место и официјална резиденција на кралското семејство.

Изградена е во барок стил 18 век , на истото место каде 1697 година изгорела до темел палатата позната како Три круни. Со 600 соби, оваа палата е една од најголемите во светот.

Во нејзниот двор точно напладне, се довива една од најспектакулраните глетки во Стокхолм – менувањето на кралската гарда. Кралскиот бенд својата маршута ја започнува во 11:30 секој ден. Марширајќи низ Гамластан тие доаѓаат до дворот на живописната палата – за финиш пред очите на стотици туристи.

Во 1500 година кралот Густав Васа ја воведува праксата дворецот да биде чуван од кралската војска. The Royal gard денеска е составена од 30 илјади војници.

Градот далечната 1912 година бил домаќин на летните олимписки игри. Од тогаш датира и Олимпискиот стадион, кој до денешен ден пречекал беброј спортски настани. Секоја година тука финишира, Стокхолмскиот маратон. Оваа година беше прославен 100 години јубилеј од стартот на трчањето 42 километри по улиците на Стокхолм.

Ако главната метро станица ја оставите под земја, на површината излегува делот од градот наречен Слусен. Неговите кривулести и нагорни улички се особено популарни за ноќни излегувања.

Но, од тука се отвора и видик на глобусот Ериксон, најголемиот сверичен објект во светот. Многунаменска арена, во која се одржуваат од спортски настани до музички спектакли како Евросонгот. Изграден е 2009-тата по надворешната страна се движат два елеватора, од кој може да се доживее најубавата панорама на Стокхолм.

И токму поради овие наавидум мал број причини не смее да се пропушти да се види оваа колибка на убавината , која во својата прегратка држи архипелаг од 30 илјади островчиња со заслепувачка убавина.

Таму е онаму каде што светото започнува, а вашиот критериум за природна убавина завршува, бидејќи по ова се друго изгледа помалку важно.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло