7.000 украински војници во обрач

Од:

Најмалку 7.000 украински војници се нашле во обрач во близина на село Дебалцево во Доњецк, откако единици на проруската полиција им го блокирале единствениот пат, кој го поврзува тој простор со територии кои што се под контрола на Киев, пренесе „Русија денес“.

Силите на самопрогласената Народна Република Доњецк го зазеле местото Угљргорск на околу 10 километри од Дебалцев и им понудиле на украинските војници да се предадат.

Пратеникот на украинскиот парламент и командант на доброволниот доњецки баталјон Семјон Семенченко на „Фејсбук“ напишал дека стратешкото место на украинската војска Угљргорск е напуштено од страна на украинските сили.

Ситуацијата на исток на Украина се влоши од 18-ти јануари, кога украинската војска започна офанзива на територија, која што е под контрола на проруската полиција.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје