6 милиони автомобили стари само десетина години ќе завршат на отпад

Од:

Кинеските власти се принудени да преземат драстични мерки како би се намалило загадувањето на воздухот во таа земја. Владата донела одлука до 2015. година од улиците да отстрани 11 милиони возила произведени пред 2005. кои најмногу допринесуваат во загадувањето.

Замислете државата да ви забрани да го возите автомобилот бидејќи премногу загадува? Веројатно за таква мерка и самите сте размислувале додека сте возеле некој од дотраените автомобили во Македонија.

Но, токму вакво сценарио ги очекува сопствениците на не толку стари автомобили во Кина. До крајот на 2014. година од сообраќајот во Кина ќе се повлечат 6 милиони автомобили кои спаѓаат во најголемите загадувачи.

Станува збор за возила произведени пред 2005. година, кои не ги задоволуваат најновите еко стандарди. Другата фаза предвидува повлекување на уште 5 милиони автомобили во 2015. година.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он