25 повредени, а 72 уапсени за време на протестите во Истанбул

Од:

Најмалку 25 лица се повредени, меѓукои 22 полицајци и тројца цивили, а 72 се уапсени денеска во судирите меѓу илјадници демонстранти и полицијата во центарот на Истанбул, откако оваа недела властите не дадоа дозвола за организирање на традиционалниот првомајски собир на плоштадот Таксим.

Меѓу повредените се наоѓа и Ѓурсел Текин, потпретседателот на главната турска опозициска партија Народнорепубликанска партија (НРП), која е организатор на протестот во квартот Бешикташ. Текин е хоспитализиран, а како одговорни за тоа што се случило ги наведе „оние кои наредиле полицијата да употреби солзавец“.

Тој истакна дека полицијата знаела дека високи партиски членови на НРП ќе бидат меѓу демонстрантите во Бешикташ, но и покрај тоа интервенирала. Текин додаде дека очекува турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер да мусе јави телефонски и да му даде објаснување.

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и молотови коктели кон нејзините припадници.

Судири избија во квартовите Бешикташ, Шишли и Меџидијекој. Демонстрантите се обидуваа да ги пробијат полициските кордони за да стигнат до Таксим.

Зајакнати се мерките за безбедност околуканцеларијата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Бешикташ, каде избија најтешките судири.

Меѓу демонстрантите има социјалисти, анархисти, како и поддржувачи на левоекстремистичката организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување.

Од пет часот изутрината беше сопрено движењето на превозните средства на градскиот превоз меѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул. Не се движат автобусите, бродовите, трамваите, со цел да се оневозможи пристигнувањето до Таксим.

Изминатите три години беа одржувани протести на Таксим. На 1 мај 2010 година околу 200 илјади лица учествуваа во првите официјално одобрени демонстрации на Таксим во изминатите 30 години. Таквите настани беа забранети од 1977 година, кога во немири беа убиени 36 лица.

Турските власти ги забранија оваа година првомајските протести на Таксим, поради тоа што во тек е генерална реконструкција на плоштадот и оти во таквата ситуација не е можно да се гарантира безбедноста на луѓето.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски