24 држави се договорија за формирање најголем морски резерват во Антарктичкиот Океан

Од:

Дваесет и четири држави се договорија да формираат најголем морски резерват во Антарктичкиот Океан со плоштина од 1,6 милиони квадратни километри, јави Би-Би-Си.

На средбата во Хоубарт, во Австралија Комисијата за заштита на живите морски ресурси на Антарктикот соопшти дека резерватот Море Рос ќе биде заштитен од рибиолов во период од 35 години.

Море Рос е еден од најважните резервати во светот од еколошка гледна точка. Резерватот ќе покрие над 12 отсто од Јужниот Океан, кој е дом на повеќе од десет илјади видови, вклучувајќи и пингвини, китови, морски птици и огромните сипи.

Русија се согласи со предлогот, откако претходно пет пати ги блокираше обидите за создавање заштитена зона.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Санта мраз голема колку Лондон се одвои од Антарктикот

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Бугарски воен брод за научни истражувања отплови од Варна кон Антарктикот

А1он