Санта мраз голема колку Лондон се одвои од Антарктикот

Од:

Санта мраз голема колку Лондон се одвои од Антарктикот, соопшти на својата интернет-страница Британското антарктичко истражување (БАС).

„Огромна санта мраз (1.550 квадратни километри), голема речиси колку Лондон се откина од ледениот појас Брант со дебелина од 150 метри. Ледениот брег се откина откако пукнатините што се појавија природно во текот на изминатите неколку години се проширија низ ледениот појас, што доведе до отцепување на сантата“, се наведува во соопштението.

Ледениот брег се откинал минатата недела, а тоа е второ поголемо парче мраз одвоено од антарктичкиот глечер последните две години.

На глечерот од кој се откина сантата има истражувачка станица, но тамошните научници соопштија дека областа каде се наоѓаат не е загрозена.

Тие посочуваат дека самиот глечер има сложена структура, а последиците од отцепувањето не можат да се предвидат.

Сите промени на глечерот редовно се следат преку посебен автоматизиран систем.

Глациологот од БАН, Доминик Хоџсон, изјави дека настанот не е поврзан со климатските промени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарски воен брод за научни истражувања отплови од Варна кон Антарктикот

А1он

По првпат откриена микропластика во свежи снежни врнежи на Антарктикот

А1он

На Антарктикот измерена температура за 38 степени повисока од вообичаеното

Ана Ололовска

На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од островот Мајорка

Ана Ололовска

ВИДЕО: На Aнтарктик се отцепи санта мраз со површина поголема од Лондон

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот стигна и до последниот континент на Земјата, регистрирани првите случаи на Антарктикот

Ана Ололовска