232 новинари во 2012-та биле во затвори по светот

Од:

Организација за заштита на слободата на медиумите со седиште во Њујорк, соопштува дека рекорден број новинари – 232 во 2012 година биле во затвори во целиот свет, што е зголемување за 53 во споредба со претходната година.

Комитетот за заштита на новинари истакнува во извештај дека тоа е најголемиот констатиран број на новинари зад решетки, откако се води статистика во 1990 година.

Турција е на чело на списокот земји, во чии затвори има најмногу новинари – 49, по која следуваат Иран со 45 новинари зад решетки.

Во извештајот е посочено дека најчестите обвиненија против новинарите во 2012 година се поради противдржавна дејност, вклучувајќи тероризам и поткопувачка дејност.

Би можело да ве интересира

Убиени се двајца новинари во Газа

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата