200 лица убиени, масакр во Сирија

Од:

Повеќе од 200 лица главно, цивили загинаа вчера, во напад врз сунитското село Тарамсе во провинцијата Хам во централниот дел на Сирија од владиниот режим.

Оваа информација ја пренесоа активисти на опозицијата. Тие тврдат дека селото било нападнато со хеликоптери и тенкови. Од нападот загинале неколку жители, а потоа силите на владиниот режим влегле во селото и ги извршиле масовните убиства.

Доколку информацијата, пласирана од опозицијата, ја потврдат и странските медиуми, тоа ќе биде најголемиот масакр од почетокот на бунтот во Сирија пред 16 месеци.

Официјалните сириски медиуми објавија за насилства помеѓу армијата и бунтовниците, но не соопштија дали има жртви и ранети.

Над 17 илјади лица се убиени во Сирија од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски