1913 година Тито, Хитлер, Сталин и Фројд живееле во Виена

Од:

Пред 100 години во една населба во Виена, живееле Адолф Хитлер, Јосиф Сталин, Лав Троцки, Јосип Броз Тито и Сигмуд Фројд, пренесува Би-Би-Си.

Во јануари 1913 година, од полскиот град Краков со воз, во Виена пристигнал човек на кого во пасошот му било запишано името Ставрос Пападопулос. Бил човек со темен тен, имал дебели мустаќи и носел скромен дрвен куфер.

– Седев на мојот стол кога вратата се отвори и влезе еден непознат човек. Беше низок, слаб, со темен тен. Во неговите очи немаше ништо пријателско – напишал човекот кој се сретнал со гостинот, а тоа бил Лав Троцки, руски дисидент и уредник на весникот „Правда”. Вистинското име на Пападопулос пак било Јосиф Висарионович Џугашвили, тогаш познат како Коба, а историјата го памети како Сталин.

Би-Би-Си наведува дека Троцки и Сталин биле меѓу големиот број на луѓе кои живееле во центарот на Виена, а чии животи ќе обликуваат многу случувања од 20-тиот век. Меѓу нив сепак имало разлика. Троцки и Сталин тука се криеле, бидејќи биле во бегство, додека на пример Фројд веќе бил познат за јавноста.

Познатиот психоаналитичар живеел и работел на улицата „Berggase”. Младиот Јосип Броз, подоцна познат како Маршал Тито, работел во фабриката за автомобили „Deimler” во Вајнер Нојштад.

Блиску до нив бил и еден 24-годишник од северозападна Австрија чии сништа да се запише на Виенската академија на уметност два пати завршиле безуспешно, па морал да живее во еден евтин мотел на „Meldermanstrasse”, во близина на реката Дунав. Неговото име било Адолф Хитлер.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ