11 убиени и 25 ранети во самоубиствен напад во Кабул

Од:

Најмалку 11 лица се убиени, а 25 се ранети во самоубиствен напад во главниот град на Авганистан – Кабул.

Според портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш, бомбаш самоубиец активирал бомба откако се доближил до група припадници на службата за безбедност.

Притоа се убиени петмина полицајци, кои во тој момент спроведувале акција против илегална продажба на дрога и алкохол на подрачјето на Кабул, во близина на американската амбасада.

Полицијата соопшти дека напаѓачот носел полициска или воена униформа.

Одговорност за нападот презеде екстремистичката група Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул

Повеќе од 20 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

А1он

Експлозија на воениот аеродром во Кабул – има загинати

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он

Нападната е пакистанската амбасада во Кабул, има повредени

Најмалку четворица мртви во експлозија во џамија во Кабул