100.000 граѓани за промени во Венецуела

Од:

Повеќе од 100.000 луѓе се собраа во главниот град Каракас, Венецуела за поддршка на опозицискиот претседателски кандидат Енрике Каприлес против сегашниот негов противник и актуелен претседател Уго Чавез.

Каприлес го критикуваше Чавез заради неуспехот да ги исполни своите ветувања и решавање на случајот и правда за тројцата опозиционери кои загинаа во саботата за време на протестите во државата Баринас.

„Сакам да им кажам на нивните семејства дека ние ќе го победиме насилството на 7. октомври“, рече Каприлес во Каракас и додаде дека оваа трагедија и дава на опозицијата дополнителна сила и вера да се борат за Венецуела, каде што ќе владее правдата и ќе нема насилство.

Во исто време, Чавез одржа митинг во Кабимаси, каде што пред десетици илјади свои симпатизери вети дека ќе го зајакне социјализмот, истовремено истакнувајќи дека е невозможно да изгуби на изборите.

Каприлес, поддржан од повеќе од 30 опозицски партии, и Чавез, кој е на власт од 1999 година, ќе ги соочат своите сили во недела, на 7. октомври.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски