(ВИДЕО) Талат Џафери: Припадници на АРМ и УЧК ќе се поклонат пред заеднички споменик

Од:

Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство на дуелот со министерот за одбрана Талат Џафери на Алсат Телевизија објасни дека не се противи Албанец да биде прв човек на одбраната, како што бил ставот за Фатмир Бесими, но е против припадници на УЧК или екстремисти да ја вршат таа функција.

Јас Талат Џафери го сметам за екстремист, тој е екстремист, се обрати Ангелов кон министерот за одбрана.

Талат Џафери еднаш дезертира од ЈНА, еднаш од АРМ, бил дежурен кога патролата замина за Вејце кога имаше масакр, веднаш после тоа дезертира со неговата опрема и најверојатно учествувал во акции, но тој како командант Форина, според информациите кои ги имаме соработувал и со контраразузнавачката служба и ја повикуваме лустрациската служба да го провери.

На 29.06 2008 учествувал во попречување на изборниот процес, спречил полицаец во вршење на служата и бил во притвор и осуден на 6 месеци условно, казна која била важечка и кога бил избран на функцијата министер.

Неговото поигрување со македонските бранители при кочењето на законот на бранители, тој го закочи со молчење,тоа е провокација, рече Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.

Министерот за одбрана, Талат Џафери одговори дека Ангелов сака да направи кариера врз несреќата на луѓето, зашто ситуацијата се сменила со потпишувањето на Охридскиот рамковен догвор.

Именувањето за министер е резултат на охридскиот договор, кој им стави крај на воените напори на дел од граѓаните против институциите на државата. Македонија помина многу полесно отколку што можеше да помине.

Јас не се чувствувам како дезертер како што викаат некои, јас се чувсвтувам одговорен да ги бранам интересите на мојата заедница, одлуката јас да бидам на страната на УЧК извира од душата на Албанците во Македонија, а јас учествував во градењето на таа структура.

stojance

Дека сум ја зел опремата од АРМ-тоа не е вистина, зашто и јас и ниеден друг припадник на УЧК немал потреба за опремата на АРМ. Тоа не е вистина, презентиравте некаква информација за законот за лустрација, јас прво 2008. година како пратеник сум го поминал лустрацискиот филтер и имам потврда од соодветната комисија дека нема никаква пречка.

Именувањето на Талат Џафери е чекор плус во иднината на Македонија, во постигнувањето на конечното помирување. Често користите Хаг и хашките случаи. оние кои се судриле со меѓународните норми си ги добиле казните а знаеме дека Албанците не се меѓу нив. Тоа што се случи во Слупчане, не е далеку денот кога талат И Стојанче ќе се поклонат пред заеднички споменик кој ќе ги потсети дека минатато е затворено и треба да работиме за иднината.

Вие не сте против Албанец да биде министер, а сте против припадник на УЧК, а против член на УЧК значи против сите Албанци. Секој Албанец дал се за УЧК, возврати министерот за одбрана, Џафери.

-Овие постапки кои ги преземате не водат во таква насока, повикот на поглаварот на ИВЗ сите Албанци да живеат во една држава не води кон заеднички соживот. Знаете дека Македонците се сензитивни, повлечете се и ставете друг министер за одбрана. Овој Албанец има пукано на мои другари..Албанците во 2001 година немаа толку загрозени права, какви права имаат Македонците во Албанија, зашто не интервенирате да добијат повеќе права, рече Ангелов.

Јас не го мразам Талат Џафери, може не го сакам, но не го мразам, ние сметаме дека треба да се стави стоп на албанскиот екстремизам, па и Филип Рикер беше во Албанија да има каже малку да запрат. Тие ја користат слабоста на Никола Груевски, лажниот патриот.

Јас мислам дека Никола Груевски да остане на власт е спремен се да направи. Ние како Достоинство, покренавме граѓанска иницијатива за собирање на 150.000 потписи,ние организаиравме протести на кои имаше возрасни луѓе, пред споменикот на бранителите. Не блокиравме ниту улица, ниту собрание. Кога слушнавме дека некои лица повикуваат на протести пред владата, повикав да не се оди. Имав информација дека одредени кругови на ВМРо-ДПМНЕ ги организираа тие протести, рече Ангелов.

Талат џафери возврати дека сепак целите на Ангелов се политички, пред локалните избори.

Иницијативата за 150.000 потписи, тоа говори за ноторно непознавање на политичкиот систем. Можам да се обратам на граѓаните, иницијаторите, поддржувачите на протестите кои се претвораат во насилство кон граѓаните, дека е недозволиво, тоа бара одговорност, ако не кривична тогаш вие ќе сносите морална одговорност, рече Џафери кој смета дека протестите биле испровоцирани со покренување на иницијативата за референдумот против неговото министерување.

Министерот за одбрана рече професионално ќе ја изврши својата функција, и дека нема потреба граѓаните да бидат дел од инструментализирана воља против него. Според него, нема да има ниедна сила која ќе го дефокусира од обврските во министерството за одбрана.

Нема да биде далеку денот кога припадниците на АРМ и УЧК ќе се поклонат пред заеднички споменик, рече џафери. Според него, ДУИ не е против законот за бранители, туку против опфатот зашто е селективен.

Ние како Достоинство немаме против ветераните на УЧК, ама треба да им даде Али Ахмети, тој за кој што се бореа, појасни Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Џафери на Ифтарската вечера упати пораки за взаемна почит, желби за добро здравје, благосостојба и успех

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“