(ВИДЕО) Пренџов: Јакимовски не е осомничен за криминал и корупција, туку затоа што премногу работел

Од:

Љупчо Пренџов од ГРОМ изјави дека претседателот на партијата Стевчо Јакимовски на кој вчера му беше одреден куќен притвор од страна на Кривичниот суд, не е осомничен за криминал или корупција, туку затоа што премногу работел и премногу направил за граѓаните на општината.

dobivaj vesti na viber

-За Јакимовски вчера беше побаран притвор затоа што булеварот „Партинзаски одреди“ наводно не бил во надлежност на општина Карпош туку истиот бил во надлежност на Град Скопје и затоа што тој сработел нешто што не била негова работа. За парцелите на Илинденска пак, МВР кажа многу инфромации кои не се точни, многу факти кои ја даваат целосната слика беа намерно или случајно изоставени. Нам ни е јасно дека нема да им се суди на тие што ништо не работат, туку само на оние кои што многу работеле за своите граѓани. Не си виновен затоа што си виновен, туку затоа што треба да бидеш обвинет. На оваа власт и требаат обвинети, уценети и замолчени политички противници, рече Пренџов.

Тој истакна дека обвинувањата за делот кај ресторанот Имес се бизарни и дека таму нема никаков случај односно дека не е сторено ништо против законски.

-Тоа обвинување за делот кај ИМЕС е многу бизарен, таму нема никаков случај, се е направено согласно закон. Луѓето си ги искористиле тогашните законски прописи. Ресотран ИМЕС не беше времен објект. Во 1964 година таму е направен времен објект од 50 квадрати за потоа во 80-те и 90-те години да стане тврда градба легализирана, рече Пренџов.

Од партијата ГРОМ сметаат дека жардињерите кои се направени за булеварот „Партизански одреди“ не треба да бидат предмет на истрага на обвинителството бидејќи истите биле направени со добра намера.

-Жардињерите беа направени од Стевчо Јакимовски со цел да се отстранат сите паркинг возила долж тревникот на булеварот „Партизански одреди“, да се заштитат пешаците и велосипедистите од сообраќајот, неодговорните возачи и естетски да се разубави најголемиот булевар во државата. На истите овие жардињери Јакимовски ископа и бунари, постави хидрантска мрежа и секоја година беа засадувани разновидни цветни аранжмани. До доаѓањето на Јакимовски за градоначалник на Карпош на територијата на општината немаше посадено ниту едно цвеќе на јавна површина. Не ни е јасно со изградбата на овие жардињери и цветни аранжмани што Стевчо Јакимовски направи, а е спротивно од интересите на граѓаните на Карпош, рече Пренџов.

Јакимовски е осомничен дека во периодот од 2011 до 2017 година заедно со вработени во Општина Карпош,легализирал бараки во сопственост на фирми и на тој начин им овозможувале да стекнат државно земјиште по багателни цени.

Станува збор за привремени објекти во општина Карпош, на улицата Илинденска, кои биле во сопственост на фирмите.

Според МВР, компаниите „Гром промет“, ЕМАГ, ДОТ „Мебел“ и физичкото лице Т.Ѓ. побарале утврдување правен статус, односно легализирање на нивните монтажни бараки, кои според законот не се сметаат за бесправно изградени објекти.

Сепак, и покрај ова, Јакимовски и уште четворица вработени во Општината за кои има кривични пријави, на бараките им дале третман на бесправно изградени објекти и дале согласност тие да се вклопат во урбанистичко-планската документација.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Стевчо Јакимовски позитивен на Ковид-19, ги повикува сите кои биле во контакт со него да одат во самоизолација

А1он

(ВИДЕО) Јакимовски: Јас знам да работам под притисок, немам намера да се конфронтирам

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Јакимовски не се чувствува виновен за злоупотребите за кои се гони: Во мој интерес е брза пресуда

Кристијан Ландов

ВИДЕО: „Значи нивното здравје не е важно, нашето е?”, судијата лут на адвокатот на Јакимовски кој поради корона одложи рочиште па отишол на друго судење

Кристијан Ландов

ЗНМ и ССНМ: Осуда за омаловажувачкиот и непримерен однос на Јакимовски кон новинарите

А1он

Јакимовски вознемирен од камерите на судењето: Јасно дека се организирани од еден центар

Ана Ололовска