ВИДЕО: Жена со автомобил прелета кренат подвижен мост

Од:

Педесет и осумгодишна жена од Шибеник вчера во храватскиот град Тисин, како на филмска сцена со својот автомобил прелетала преку подвижен мост, кој бил кренат повеќе од два метри и успеала да слета на другиот крај од мостот.

На полицијата и рекла дека поради сонцето не забележала дека мостот започнал да се крева. За среќа таа не е повредена, а ниту автомобилот не претрпел значителна штета.

– Се движеше со брзина од околу 80 километри на час и продолжи да вози се до кафулето каде што сопре. Беше страшно, од силината на ударот сите воздушни перници се отворија и мислам дека нема повредени -вели еден очевидец.

Поради непочитување на сообраќајните прописи жената платила казна од 250 куни.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он

Ветераните бараат да му го откажат настапот на Бајага во Пула: Градоначалникот остро им одговори

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски