ВИДЕО: Снимка од поплавите во Србија која ќе ве расплаче

Од:

Најмалку 19 луѓе загинаа, а се стравува дека по заминувањето на водата нивниот број ќе биде поголем. Евакуирани од домовите се околу 25 илјади граѓани, уништени и потопени под вода преку 2.260 објекти, а над 17. 000 други се загрозени од надојдената вода. Ова е досегашниот епилог од катастрофалните поплави кои ја зафатија Србија, а првичната штета се проценува на најмалку една милијрада евра.

Илјадници доброволци од Белград и останатите места деноноќно во километарски редови градат насипи за да го спречат излевањето на Сава во неколку градови. За само една ноќ поставија бедем од 25 километри.

Помошта за вонредната состојба во Србија не престанува да доаѓа од сите страни. Се спроведуваат хуманитарни акции за донирање пари, храна, облека и средства за хигиена за потребите на загрозените граѓани.

Последните информации како што пренесуваат српските медиуми велат дека Европската унија ќе и помогне на Србија со 1 милијарда евра за отстранување на долгорочните последици од поплавите. Обединетите Арпаски Емирати најавија 10 милиони долари, Азербејџан 400.000 евра.

Евакуацијата на населението и понатаму продолжува и денеска. Во најпогодениот град од поплавите Обреновац, приоритет е заштита на термоелектраната „Никола Тесла“. Воедно, започната е дератизација на теренот и собирање на угинатите животни, за да не дојде до ширење на зарази. Министерството за внатрешни работи на Србија нагласи дека враќање на евакуираното население не е дозволено и забрането е влегување во градот.

Главниот град Белград се подготвува за надоѓањето на поплавниот бран на Сава, кој се заканува да ја поплави најголемата електрична централа во Србија и да предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада