(ВИДЕО) Русковска: Одлуката на Уставниот суд може да ги амнестира сите за „27 април“

Од:

Доколку Уставниот суд иницијативата ја разгледува по однос на одреден член од целиот Закон за амнестија и оцени дека е вонуставен, според обвинителката Вилма Рускоска, тогаш би биле амнестирани сите останати за настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Русковска вели дека не знае во кој дел се однесува расправата пред Уставен суд, дали за целиот закон или само за одреден член.

„Ако е за одреден член само, каде точно се наведува за кого важи и за кого не важи амнестијата и ако Уставниот суд донесе одлука дека тоа е вонуставен член, тогаш сите останати би биле амнестирани. А, не сметам дека Уставен суд иницијативата ја разгледува по однос на целиот Закон за амнестија“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски