ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Од:

Како легалисти сакаме да ја почитуваме нормативната максима дека пресудите на Уставен суд не се коментираат, особено од партиите, бидејќи тоа по автоматизам се толкува како политички притисок. Сепак, пред сè како луѓе, а после како партија не можеме да избегаме од впечатокот дека овој состав на Уставниот Суд повеќе наликува на југословенска политичка елита отколку на највисока судска инстанца, велат од ВРЕДИ.

– Употребата на албанскиот јазик е основно човеково право кое е една од темелните вредности на Уставот. Државните институции имаат обврска да го обезбедат исполнувањето на правото на секој граѓанин на државата на неговиот мајчин јазик да биде известуван, вклучително и за обврските кои си ги наметнал заради своето поведение.

Ова важи и за системот „Сејф Сити“. ВЛЕН беше јасен и останува непоколеблив на ставот дека кога државата го известува, предупредува или санкционира граѓанинот преку овој систем, таа има обврска тоа да го прави и на албански јазик. Ова не е прашање на политичка волја, туку уставна обврска и почитување на едно темелно право. Токму затоа, ВЛЕН ќе го брани овој принцип со сите правни и институционални средства, сè до негово целосно спроведување и без никаква дилема.

Фактот што денес сè уште се отвораат дилеми за прашања кои одамна требало да бидат затворени, е директна последица на неодговорноста и манипулациите на оние кои со децении владееја и лажно се фалеа дека ги затвориле сите крупни прашања за Албанците, додека во меѓувреме се богатеа на грбот на народот. За жал, тие ни оставија систем целосно еродиран на сите нивоа, кој сега мора трпеливо да го поправаме, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВРЕДИ: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница?

А1он

За шест месеци „Безбеден град“ евидентирал 310.865 прекршоци, 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки

Ставена во функција e апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

Горан Наумовски

Хаос на Табановце: Странци со часови чекаат да ги платат казните од „Safe City“

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Безбеден град“ и за странци, најмногу гужва и реакции на влез преку Прешево

Катерина Ѓуровски