Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

Од:

Уставниот суд информира дека почнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Од 4 март, првпат во историјата, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот на Јутјуб и Фејсбук. Седницата ќе биде достапна преку следниот линк:

Како што соопштуваат од Уставен суд, со воведување на овој модел на транспарентност се отвора ново поглавје во односот меѓу институцијата и граѓаните. Посочуваат дека секој граѓанин ќе може во реално време да види како се водат расправите, кои аргументи се соочуваат во процесот на одлучување, како се гради правното мислење и каква е атмосферата во која се носат одлуките кои се од суштествено значење за правниот поредок.

-Оваа одлука претставува круна на повеќегодишниот процес на постепено спроведување на Програмата за управување со комуникациите, реализирана низ неколку развојни фази: Активна транспарентност и континуирано известување до јавноста за сите предмети во секоја фаза од постапката; Воспоставување активно присуство на социјалните мрежи со можност за директна интеракција со граѓаните; Следење на информациите во јавноста поврзани со Судот и навремено реагирање и информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес; Техничка модернизација и обезбедување опрема за дигитално работење и снимање, организирање можност преку веб-страницата за директно електронско обраќање до претседателот и прганизирање средби помеѓу претседателот и граѓани секој прв четврток од месецот, почнувајќи од 5 март 2026 година, велат од судот.

Посочуваат дека Одлуката за воведување пренос во живо од седниците е донесена со мнозинство гласови од актуелниот состав на Судот, водена од императивот за транспарентно, отчетно и отворено институционално работење.

-Крајната цел на оваа реформа е зајакнување на довербата на граѓаните во правната држава како и приближување на граѓаните до надлежностите на Судот, преку директен увид во работата на највисоката уставно-судска институција. Со оваа новина, Уставниот суд не само што поставува нови стандарди за сопственото работење, туку се позиционира како најтранспарентен суд и една од најотворените институции во државата, со идеја да ги поттикне и останатите органи на власта кои се стремат кон поголема јавност и отчетност, соопшти Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите