(ВИДЕО) Ременски: Пратениците се доведени во ситуација да бидат укажувачи

Од:

Поранешната министерка и пратеничка Фросина Ременски изјави дека е задоволна од работата на антикорупционерите по денешниот состанок во Државната комисија за спречување на корупција.

„Многу е интересно кога пратениците ќе се доведат во ситуација да бидат укажаувачи, ние не сме укажувачите, нас ни пријавуваат. Тоа не значи дека не треба да трпи заштита и лице кое што пријавува и тој на кого што му е пријавено“, изјави Ременски.

„Антикорупциската комисија и Народниот правобранител како адреса за укажување секако не поседуваат институционални капацитети да процесуираат такви сложени предмети“, изјави Ременски.

Таа со антикорупционерите разговарала за сите актуелни пријави во врска со постапување на институциите што таа ги поднела преку парламентарен надзор.

„Разговаравме дека во следново постапување на Антикорупциската комисија ќе има консултација со Јавниот обвинител заради заштита на лицата кои што го пријавиле случајот“, рече Ременски.

Таа вели дека се уверила во тоа дека членовите на Комисијата имаат преземено сериозни чекори.

„Реално можам да очекувам исход од моите пријави, изјави пратеничката Фросина Ременски откако со членовите на ДКСК ги разгледале , како и идните пријави што треба да бидат процесирани“, рече Ременски.

Таа додаде дека не сака да се претстави како жртва, бидејќи таа поднесувала пријави во Јавното обвинителство, кога другите ја заобиколувале таа адреса.

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

ДКСК: Дипломатскиот пасош е право, а не привилегија, службени возила не сме побарале

ДКСК оформила предмети за заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и за поранешниот заменик министер во МВР