ВИДЕО: Протести во Бугарија поради високите цени на електричната енергија

Од:

Повеќе илјади лица протестираа денеска во десетина градови низ Бугарија поради исклучително високите цени на електричната енергија во јануари, јави Танјуг.

Во бугарскиот главен град Софија околу 3.000 лица излегоа пред парламентот и министерствата за економија и енергетика носејќи слогани „струја+невработеност=геноцид“ и извикувајќи „мафија“ и „поднесете оставки“.

Протести се одржани во десетина други градови, меѓу кои и Варна, на брегот на Црно Море, каде околу 5.000 лица демонстрираа пред зградата на електродистрибуција.

bugarija-protesti1

Бранот протести во Бугарија почна пред неколку дена и добива се поголем број приврзаници. Демонстрантите тврдат дека сметките за електрична енергија ги надминуваат реалните цени за околу 120 проценти.

bugarija-protesti2

Европската комисија минатиот месец соопшти дека Бугарија, Велика Британија и Естонија се пријавени пред Европскиот суд на правдата во Стразбур бидејќи не ги исполниле во целост правилата на ЕУ за либерализација на пазарот на енергија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори