ВИДЕО: Пропаѓаат банки преку ноќ – безбедни ли ви се парите во македонските банки

Од:

Свежи ни се сеќавањата на пропаѓањето на неколку македонски банки, последната „Еуростандард банка“ ги вознемири штедачите, а изминатите денови пак цел свет го вознемири веста за пропаѓање и тоа преку ноќ на влијателни банки во Америка и Европа.

За само два дена банкротираа Silicon Valley Bank и Signature Bank и ги оставија штедачите без своите тешко заработени пари. Сепак во Европа повеќе паника предизвика и пропаѓањето на една од најстарите банки во Швајцарија, која важеше за банка меѓу 15 највлијателни во Европа. Ја спасија од банкрот во последен момент со преземањето од страна на УБС банката и интервенција на државата.

Банкарите и ЕУ смируваат, тврдат дека се реагирало брзо и спречено е прелевање на кризата и пропаѓање на други банки, но паниката кај народот се чини не е стивната.

Во Македонија неминовно е да се запрашаме – ако пропаѓаат банки во Америка и Швајцарија, во каква состојба и во колкав ризик се нашите домашни банки, колку се сигурни нашите пари?

 

„ Важно е јавноста да знае дека досегашните согледувања покажуваат дека овие настани нема да имаат никакви директни ефекти врз домашниот банкарски систем. Дополнително, а многу важно е што нашиот банкарски систем работи врз основа на конзервативен, традиционален деловен модел, што дополнително го прави отпорен во вакви ситуации. Ваквата позиција на нашиот банкарски систем, заедно со исклучително солидните биланси, со високо ниво на капитал, коешто е највисоко во последната декада, соодветната ликвидност и добриот квалитет на кредитното портфолио говорат во прилог на негова отпорност„ велат од НБРМ.

Деталите погледнете ги во анализата на „Скен“

Би можело да ве интересира

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки