(ВИДЕО) Плоштад Слобода: Што се би можело да се направи со парите дадени за споменикот на Прометеј

Од:

„Плоштад Слобода“ организираше протест поради неекономичното и неразумно трошење народни пари.

Протестот беше пред скулптурата на Прометеј, каде членовите и подржувачите на невладината одговараа на прашањето на каков општествено корисен начин би ги искористиле парите кои беа потрошени на споменикот од бел мермер и со сомнителни естетски вредности.

Младите активисти посочија низа предлози кои ги засегаат како популација, како поединци од одредени општествени групи, но и како опсерватори на општеството. Нивните одговори зборуваа за расчекорот меѓу илузиите и насушноста, меѓу парчето леб и споменикот на гроб, меѓу елементарните потреби на народот и непринципиелното трошење на нивните пари за споменици, историја, квазиуметност и луксузен барок.

Активистите предлоожија парите потрошени за споменици да се дадат за превенција на зависностите, изградба на младински центри каде младите ќе се дружат и социјализираат и стационари за грижа на кучињата и мачињата скитници. Активистите побараа и елементарни услови на академските граѓани, изградба на гасоводна мрежа, бесплатна контрацепција за тинејџерите и шалтер центри за жените жртви на семејно насилство, беа нафрлени како проекти од кои народот би имал бенефит.

За изградба на Ургентниот центар на Детска клиника се собираат донации од граѓаните, посочи Наумовски, а овие пари можеле да се искористат за таа цел. Колумнистот и политички аналитичар, Рамадан Рамдани, пак, истакна дека големата сума пари со која беше преовиен Прометеј, може да се искористи за солидарен фонд на пелени кој ќе го користат сите граѓани со бебе.

Беше речено дека со парите потрошени на споменикот би можеле да се купат израснати дрвја кои ќе се постават на булеварите Илинден и Св Климент Охридски, како и да се ангажира нов Кензо Танге кој ќе го корегира проектот „Скопје 2014“.

Прошетката на Плоштад Слобода низ новоизградените градби во Скопје продолжува утре во 18 часот пред Стоковна куќа „Мост“, на почетокот на Скопска чаршија и при крајот на корпусот споменици на плоштадот „Карпошово востание“.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски