(ВИДЕО) Oгњановски: Граѓаните да не се грижат, К-15 ќе има

Од:

К-15 ќе продолжи да се емитува, не се знае точно кога. Бранко Огњановски за А1он вели дека договорот кој К-15 го имале со Алфа телевизија бил до 31. март 2013 година. К15 сакале да го обноват договорот и пред два месеци се обратиле до Алфа телевизија, но одговорот го добиле неколку дена пред истекувањето на договорот.

„Практично бевме ставени пред свршен чин и неможевме да продолжиме. Оставивм една недела или две за да видиме дали ќе го продолжиме договорот или ќе оставиме за на есен, бидејќи во мај имаме турнеја во Австралија“, изјави за А1он Бранко Огњановски.

Сепак според него доколку успеат да најдат спонзори и да ги покријат трошоците договорот може да се обнови до јуни, а веќе имаа и понуди од други телевизии.

Иако за К-15 има поддршка и голем интерес од граѓаните, сепак тие забележуваат слаб интерес за рекламирање.

„Веќе 19 години се занимаваме со истата работа, и нормално е да имаме политичка сатира. Дали заради атмосферата и времето граѓаните почнаа да реагираат на скечевите како оние со министерот или папата“, вели Огњановски.

Огњановски им порача на граѓаните да не се грижат, К-15 ќе има, сега или на есен.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Овации за К-15 по првото спектакуларно шоу во живо, со кое одбележуваат 30-годишен јубилеј

Околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15

Заев: Во новиот буџет има дополнителни 3,73 милиони евра за исплата на К-15 во администрацијата

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Бубо Каров: Официјалната политика го губи тлото под нозе

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љупчо Бубо Каров: Медиумите се под огромен притисок

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гаф: Талат Џафери со синхронизирана изјава од К-15 на словенечка телевизија

Емир Латифовиќ