(ВИДЕО) Нов обид за пуч во Турција или обична безбедносна проверка?

Од:

Околу 7.000 турски специјалци во оклопни возила ја опколиле воздухопловната база Инџирлик, која ја користат силите на НАТО и САД, јавуваат турските медиуми.

Според турскиот министер за преговори со Европската Унија, Омер Челик, се работи за безбедносна проверка, но медиумите сепак шпекулираат за нов обид за државен удар, по оној неуспешниот на 15 јули.

Турскиот весник „Хуриет“ претходно објави дека полицијата во градот Адана добила дојава за нов обид за пуч, по што веднаш се испратени специјални сили.

Влезот во базата е блокиран, а на фотографиите кои ги снимиле граѓаните се гледаат специјалци со автоматски пушки и водени топови, кои обично се користат за време на протести.

Челик на Твитер се обиде да ја смири јавноста: „Направивме генерална безбедносна проверка. Се е во ред“.

Поддржувачите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наводно се собрале во близина на кордонот кој ја опкружува базата, наведува сајтот РТ, додавајќи дека собирањето сепак не е масовно, а ни напнато како што беше за време на неодамнешните протести во Адана, на кои демострантите бараа затварање на базата.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски