ВИДЕО: Местење на лотото или случaјност?

Од:

За време на емисијата на српската “Прва ТВ“, каде во живо се излекуваат Лото броевите, дојде до забуна заради која голем број гледачи во Србија се уверени дека во живо, на телевизија виделе измама, односно дека Лото броевите се однапред наместени.

Прво регуларно биле извлечени три броеви, а потоа и четвртиот број – 27, но на екранот се појавил бројот 21, а веднаш потоа, вистинскиот број – 27.

Следниот број што бил извлечен бил токму 21, кој претходно веќе се појави на екранот. Водителката остана сосема збунета.

Управата за игри на среќа на Србија засега нема коментар за ова, така што нема објаснување дали тоа што се случило е измама, техничка грешка или нешто трето.

Би можело да ве интересира

Над еден милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија

ВИДЕО: Инфлуенсер фрли милион долари од хеликоптер: Луѓето се тепаа за парите

Предраг Петровиќ

Камионџија добил три пати на лотарија за само 11 месеци

Постигната 7-ка во Кичево, вредна над 500.000 евра

Милиони Американци во надеж: Добивката на Мега милионс над милијарда долари

Предраг Петровиќ

Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер овозможено од www.loto.mk

Ана Ололовска