ВИДЕО: Крвава ноќ во Софија

Од:

И покрај најавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека цената на струјата ќе поевтини за осум проценти од први март, протести во Софија имаше и вечерва кои завршија со судир на полицијата и демонстрантите.

Тие фрлаа со камења и молотови коктели, незадоволни и од цените на водата и телекомуникациските услуги.

Тие сметаат дека премиерот лаже само да го амортизира револтот.

Демонстрантите кои беа околу 300 при првиот судир со полицијата во центарот на Софија, за брзо време пораснаа на неколку илјади кои фрлаа со камења на полициските сили, на што полицијата возврати со сила. Повредени се десетина граѓани на Софија кои побарале лекарска помош.

Бугарите веќе десетина дена протестираат поради високите сметки за електрична енергија во петнаесет најголеми градови во земјата.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори