(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Татко му на Илија Спасески спасуваше Бугари во несреќата во Охрид, ова е политичка работа

Од:

Адвокатот на обвиниетиот Илија Спасески, Димитрија Цобоски негира дека нападот врз Христијан Пендиков бил напад од омраза.

– Каков напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани од бродската несреќа во 2009 година. Малиот Илија Спасески прв пријави дека имало несреќа. Политичка работа е ова. Неспорно дека има повреда на долната вилица. Пендиков рече бил тепан десет минути а не го видел тој што го удрил од зад грб. Ние имаме објаснување кое нема врска со бугарските чувства на Пендиков, истакна тој.

Адвокатот рече дека во текот на доказната постапка ќе се види во кој дел обвинителот ќе ја докаже тежината на обвинението.

Главната расправа од судењето против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, е одложена за 5 април.

Судскиот процес во Основниот суд во Охрид го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се бранеше со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.

Би можело да ве интересира

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се чувствувал како Бугарин

Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

Орце Костов

Пендиков во Судот во Охрид ќе ја раскаже својата верзија за претепувањето, а исказ ќе дадат и лекари од Брзата помош

Орце Костов

(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Имало страшно брзање да се поднесе обвинение, случајот Пендиков е политички

Орце Костов