ВИДЕО: Уапсен човекот кој со часови стоеше во Истанбул, пркосејќи и на полицијата

Од:

Рано утринава е уапсен човекот кој со часови мирно стоеше на плоштадот Таксим во Истанбул, пркосејќи и на турската полиција, а чие бдеење беше урнек за стотици други, јави американската мрежа Ци-Ен-Ен.

TURKEY-POLITICS-UNREST

Повеќе од пет часа, мажот гледаше во портретот на Кемал Ататурк, основачот на модерната турска држава, пред полицијата да му пријде и да го уапси, како и многуте други кои му се придружија во мирниот протест.

Перфомансот на турскиот уметник Ердем Гундуз набрзо беше наречен „човекот кој стои“, иако уметникот рано утринава заврши во затвор, без јасна причина, наведува Си-Ен-Ен.

Многумина од оние кои синоќа му се придружија на Гундуз стоеја со цел да се врати мирот, без определување на чија страна се.

-Стојам против секое насилство. Стојам за настаните чии сведоци сме и настаните кои се случуваат во последите две до три недели, да можат да престанат, рече Корај Конук, еден од уапсените.

Конук (45) за Си-Ен-Ен потврди дека турската полиција го пикнала во автобус со 20 други кои мусе придружија на Гундуз, но дека уметникот не бил со нив.

-Само стоев. Тие уапсија човек кој само стоеше. Тоа е бесмислено, рече Конук.

Новиот вид на протест се прошири и во другите турски градови и предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

Протестите во Турција почнаа на последниот ден од мај заради плановите на градските власти една зелена оаза во Истанбул паркот Гези, да го претворат во трговски центар. Набрзо „зелениот“ протест прерасна во масовни антивладини демонстрации кои го вклучија и повикот за политички реформи во земјата, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски