(ИНТЕРВЈУ) Јовевски: Уште двајца бизнисмени пријавија рекет

Од:

Истрагата за случајот „Рекет“ во кој осомничени се неформалниот сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, нема да ја компромитира истрагата за случајот „Империја“, каде дел од осомничените се бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Ова во интервју за „А1он“ го тврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, откако Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага во која Јовановски и Милески се сомничат дека наводно барале рекет од бизнисменот Орце Камчев од 8 милиони евра, за со помош на јавна обвинителка, имплицирајќи на Катица Јанева, да издејствуваат ослободување на вина на Камчев за случајот „Империја“.

Јовевски не сака да говори за евентуална инволвираност на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева во случајот „Рекет“. На прашањето дали во канцеларијата на нејзиниот син, кој е вработен во правната служба во 1ТВ и му беше запленет компјутерот во интерес на истрагата, биле пронајдени и дел од аудио снимките на СЈО, Јовевски одговара:

„Не можам ниту да потврдам, ниту да демантирам. Точно е дека е одземен неговиот компјутер и податоците се дадени за вештачење“.

Јовевски тврди дека уште двајца бизнисмени се јавиле во обвинителството барајќи да се вклучат во истрагата, односно да пријават дека биле рекетирани, но дека нивните изјави ќе подлежат на натамошни проверки.

Останува уште време да се знае дали евентуално истрагата за „Рекет“ ќе се прошири и за други лица и за други дела.

Јовевски тврди дека сведокот – бизнисмен во два наврати дал пари на двајцата осомничени – еднаш половина милион евра, а вториот пат еден милион евра.

„Парите не биле обележани, но можат да се најдат докази во постапката. Имаме докази за тоа од кои сметки се влечени парите, а нивното потекло не е предмет на интерес во оваа истрага“, вели тој.

Јовевски вели дека нема правна пречка видео снимките што ги обезбедил сведокот – бизнисмен кога му бил баран рекет, да бидат искористени како доказ во евентуална судска постапка.

„Во случајов, јавниот интерес е над приватниот, а дел од снимките се од видео камери кои биле легално поставени“, вели Јовевски.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Обвинителството не нашло докази за криминал во набавките на мазут за ТЕЦ Неготино

Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

А1он

Побарана подготвителна постапка за четирите малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

Обвинителството бара притвор за гостиварецот осомничен за силување на 14-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Го киднапирале, го тепале и му се заканувале со убиство за да признае силување