Здружение ЕСЕ: Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да се постават стручни и непартиски членови

Од:

Ранливите категории граѓани се најчести жртви на институционална дискриминација и како последица на тоа се соочуваат со проблеми да ги остварат своите законски гарантирани права. Токму ова е најдобар показател дека мора да се смени праксата на поставување партиски кадри во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, велат од Здружението ЕСЕ.

Токму поради ова, од Здружението појаснуваат дека изработиле видео во кое се пренесени сведоштва на дел од лицата кои на своја кожа ја почувствувале институционалната дискриминација.

Во видеото меѓу другото жител на Шуто Оризари појаснува дека се соочил со дискриминација кога се обидел да го пријави и да извади здравствена книшка за своето новородено дете. Тој објаснува дека со саати чекал во институциите додека други луѓе се пуштале преку ред да завршат работа.

Од ЕСЕ велат дека Собранието треба да избере стручни, професионални и непартиски членови во Комисија за спречување и заштита од дискриминација, за да се подобри лошата состојба со дискриминацијата и кршењето на човековите права

-По една и пол година без функционална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, Собранието треба да избере нови членови на Комисијата на почетокот на 2021 година. Единствено со поставување стручни, професионални и непартиски членови ќе се подобри лошата состојба со дискриминацијата и кршењето на човековите права во државата, порачуваат претставниците на граѓанскиот сектор. Бараат од пратениците да спроведат постапка за избор која ќе биде транспарентна и ослободена од какви било влијанија, се наведува во соопштението на ЕСЕ.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

A1on

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

A1on