ВИДЕО: Дрон падна во Загреб, направи огромен кратер, оштетени возила

Од:

Силен тресок синоќа нешто по 23 часот се слушнал во Загреб, а хрватските медиуми јавуваат дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило во земјата и експлодирало. Индекс.хр, повикувајќи се на добро упатени извори, според досега собраните информации од надлежните служби, на загрепски Јарун паднал дрон. Пронајдени се два падобрана.

Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација во поширокото подрачје на Јарун. Местото го обезбедува полицијата и во тек е истрага.

Полицијата засега нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер