Сончево, попладне промениливо и нестабилно

Од:

Времето во недела во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот меѓу 19 до 31 Целзиусови степени, а УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје претпладне е сончево, а попладне, исто така, ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 29 степени.

Од почетокот на следната работната седмица нестабилноста ќе биде локална и со послаб интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски