А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Uncategorized

СДСМ: Обезбедена е помош до 10.000 денари за домаќинствата кои се дел од неформалната економија, заеднички и солидарно ќе ја надминеме кризата

by А1он12/04/2020 - 09:11539
Share0

„Заеднички и солидарно, преку почитувањето на мерките за заштита на здравјето, како и преку конкретни мерки за директна поддршка на граѓаните ќе ја надминеме здравствената и економската криза којашто ја наметна вирусот Ковид-19. Со пакетот економски мерки во вредност од 200 милиони евра, што го обезбеди Владата предводена од СДСМ, се обезбедува значајна помош за препријатијата, за работниците, за занаетчиите, но и за оние што се дел од неформалната економија.
Домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија имаат право на гарантирана минимална помош во висина од 4 до 10.000 денари, преку брз пристап во системот за социјална заштита“, се вели во соопштението од СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Износот на правото зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од 4.000 денари за едночлено домаќинство до 10.000 денари за домаќинство сочинето од 5 возрасни членови. Домаќинствата кои користат гарантирана минимална помош, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците април и мај 2020 година. За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, во висина од 50 проценти од просечната плата на работникот во  последните 24 месеци, согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност“, се додава во него.

„Обезбедени се сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, наплата на закуп на социјалните станови, а извршните дејствија од страна на извршителите се стопирани. Мерките што се преземаат опфаќаат помош за 250.000 работни места и 35.000 компании, како и социјално загрозените граѓани. Во духот на солидарноста помагаме на оние кои се погодени од кризата и не дозволуваме никој да не остане без приход во овие тешки времиња. Само заедно, солидарно и одговорно можеме да  победиме во борбата со коронавирусот и неговите последици“; велат од СДСМ.

koronavirus mkdsdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 17:15

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Предраг Петровиќ13/08/2026 - 18:03

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски13/08/2026 - 10:3613/08/2026 - 11:00

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

Катерина Ѓуровски12/08/2026 - 11:07

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 11:2611/08/2026 - 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

Предраг Петровиќ10/08/2026 - 15:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео