Одложена одмаздата на Иран, се чека на примирје

Од:

Иран се согласи да ја одложи одмаздата против Израел поради убиството на лидерот на Хамас во Техеран, за да им даде време на посредниците да се заложат за договор што ќе стави крај на војната во Појасот Газа.

За време на последната рунда разговори, кои се одржаа во катарската престолнина Доха во четвртокот и петокот, меѓународните посредници им претставија нов предлог на завојуваните страни и ги повикаа Израел и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот и за заложниците веќе следната недела.

Новиот предлог, според Њујорк тајмс, има за цел да ги реши преостанатите отворени прашања меѓу двете страни. Високите функционери од завојуваните страни и земјите посредници се очекува повторно да се сретнат во Каиро пред крајот на следната недела.

Американскиот претседател Џо Бајден изрази оптимизам во однос на преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

„Поблиску сме отколку што некогаш бевме“, рече Бајден, додавајќи дека шансите за договор по состанокот во петок се многу подобри.

Сепак, раководството на Хамас верува дека новиот предлог на САД е компатибилен со условите на Израел, изјави за Си-Ен-Ен висок палестински функционер, кој исто така го обвини Израел дека додава нови услови за одложување на договорот. Хамас вообичаено не присуствуваше директно на разговорите, меѓутоа, палестинските власти тесно соработуваа со катарските преговарачи. Нацрт-договорот, сепак, допрва треба да биде доставен до лидерот на Хамас, Јахја Синвар на одобрување, што се очекува до крајот на викендот.

Израелската преговарачка делегација се врати во Израел доцна во петокот со внимателен оптимизам за изгледите за договор.

„Тие ја намалија разликата. Тоа беа многу продуктивни и позитивни разговори“, изјави извор од израелската делегација.

Дводневните разговори во Доха се одржаа во услови на тензии низ целиот регион поради потенцијалниот ирански напад врз Израел што носи ризик од прекин на и онака кревките преговори.

Бајден, исто така, во петокот испрати порака до Иран и неговите сојузници дека не треба да преземаат никакви мерки за да го поткопаат напредокот на разговорите. Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, премиерот на Катар, претходно го покани вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран Али Багери Кани. Ал Тани, според анонимни ирански и катарски официјални лица, го охрабрил Иран да се воздржи од каква било ескалација со оглед на напредокот на разговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

До петокот, израелското разузнавање процени дека Хезболах и Иран го намалиле нивото на тревога во нивните ракетни единици.

Стравувањата од поширок регионален конфликт се закануваат да го влошат разорувањето предизвикано од израелската офанзива во Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 40.000 Палестинци. Израел ја започна војната откако Хамас започна експанзивен ненадеен напад врз јужен Израел во кој загинаа приближно 1.200 луѓе, а и киднапираа 250 Израелци.

Израел и Хамас со месеци преговараат за договор за прекин на огнот што ќе овозможи постепено ослободување на преостанатите 115 заложници кои се држат во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници. Израел потоа ќе ги повлече своите сили од енклавата и двете страни на крајот ќе постигнат трајно примирје.

Неколку клучни точки на спор меѓу Израел и Хамас остануваат нерешени и покрај повторените рунди преговори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан