Ново истражување: Невакцинираните се дури 98,5 проценти од жртвите на корона

Од:

Германскиот институт Роберт Кох за прв пат објави податоци што укажуваат дека масовната вакцинација штити и од нови варијанти на корона.

Досега, близу шеесет проценти од населението во Германија е целосно вакцинирано.

Од почетокот на февруари, кога започна вакцинацијата во Германија, смртта на 335 лица кои беа целосно вакцинирани е поврзана со корона. Тоа е само 1,5 проценти од сите смртни случаи поврзани со корона, објави во петокот Институтот „Роберт Кох“. Останатите 98,5 проценти од смртните случаи припаѓаат на невакцинираните.

Истражувачите се особено сигурни во своите ставии со оглед дека во последните шест месеци, само едно лице помладо од шеесет години почина од корона кое било целосно вакцинирано.

„Бројките недвосмислено потврдуваат дека вакцините добро штитат – особено од тешкиот тек на болеста“, рече Карстен Валц, генерален секретар на Германското друштво за имунологија, за списанието „Шпигел“. Ова исто така важи и кога станува збор за сојот на делта на вирусот, иако вакцинираните луѓе можат полесно да се заразат со него.

Во последниот месец, 15 проценти од симптоматските инфекции со корона се вакцинирани, додека 85 проценти од заразените со симптоми не се вакцинирани. Од оние кои завршуваат во болница, на невакцинираните отпаѓаат околу 92 проценти, а на одделенијата за интензивна нега и на респиратори дури 99,2 проценти се невакцинирани од февруари до денес.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски