Нетанјаху: Израел и Емиратите наскоро ќе воспостават авионски врски

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел подготвува директни летови преку Саудиска Арабија кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), како дел од нормализацијата на односите по постигнувањето договор меѓу двете земји.

Израел и ОАЕ во четвртокот најавија нормализирање на дипломатските односи под покровителство на САД.

Обраќајќи се од аеродромот во Тел Авив, Нетанјаху ги соопшти плановите за проширување на летовите до ОАЕ, но не прецизираше точни датуми.

– Во моментов работиме на воспоставување директни летови преку Саудиска Арабија меѓу Тел Авив и Дубаи и Абу Даби, рече Нетанјаху.

Саудиска Арабија не го признава Израел и нејзиниот воздушен простор е затворен за летови од Израел, но авиокомпанијата „Ер Индија“ во 2018 доби дозвола да лета на трасата Њу Делхи – Тел Авив.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел уништи цели села на југот на Либан

Напредок на преговорите во Исламабад, Иран ги обвини американските медиуми за поттикнување тероризам

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Аун: Прекинот на огнот е единственото решение што води кон преговори со Израел

Израел: Повеќе од 7.500 повредени од почетокот на конфликтот со Иран

Миршајмер: Израелците ќе употребат нуклеарно оружје против Иран