Миршајмер: Израелците ќе употребат нуклеарно оружје против Иран

Од:

Американско-израелската операција против Иран се претвори во војна на исцрпување во која САД не можат да победат, рече професорот од Универзитетот во Чикаго, Џон Миршајмер.

„Во случајот со Иран, сега сме во војна на исцрпување. А фактот е дека не можеме да победиме во војна на исцрпување. Тоа едноставно не е можно“, рече тој на конференција организирана од Арапскиот центар со седиште во Вашингтон.

„Нема друга опција за излез освен да се признае пораз. Тоа е единствениот начин Трамп да се извлече од ова, во основа да го признае поразот“, додаде експертот.

Според Миршајмер, „сето ова отвора сериозна можност дека во одреден момент во иднина Израелците ќе употребат нуклеарно оружје против Иран“.

– Нивниот најголем страв е дека Иран ќе се здобие со нуклеарно оружје. И мислам дека ако Израелците воопшто се сомневаат дека Иран се стреми кон нуклеарно оружје, тие ќе користат нуклеарно оружје за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно средство за одвраќање, бидејќи сега е јасно дека Израел не може да го спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје користејќи ги своите конвенционални сили. Тоа не функционира. Единствената опција што ја имаат е нуклеарно оружје. И верувам дека Израелците би користеле нуклеарно оружје во таа ситуација, забележа Миршајмер.

„Можеби ќе си речете: „Па, Соединетите Држави ќе го спречеа тоа“. Соединетите Држави нема да го спречат тоа“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Погоден ирански танкер во Ормускиот теснец, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Драма кај Оман: Проектили погодија два брода, еден се запали

Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници