Нема опасност во градинките, може да се продолжи со примање деца

Од:

Министерството за труд и социјална политика известува дека од почетокот на отворањето на градинките на 9.09.2020 година, пријавени се два посебни случаи на вработени позитивни на Ковид 19, во две Јавни установи за згрижување на деца – детски градинки.

Во првиот случај, се работи за објект „Коца Василевска“ при ЈОУДГ Мајски Цвет , Битола, каде од стана на КЗБ остварен е контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група. Согласно нивните проценки, нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, согласно насоките на КЗБ, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно 17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено и за сите пет деца кои беа во групата на вработената ,позитивна на Ковид-19, даден е предлог за здравствен надзор заклучно со 23.09.2020.

Во однос на оваа градинка, се превземаат сите мерки за дезинфекција на објектот и просторијата во градинката.

Вториот случај, се работи за вработена во градинка ЈУДГ на О.Ц ,,Раде Јовчевски Корчагин“, која од 09.09.2020 год не е на работно место и нема контакт со прием на деца во период кога градинките почнаа со работа , прием на деца и згрижување.

Согласно, препораката на епидемиолозите, каде е пријавен случајот, доколку до недела 13.09.2020 година не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник.

Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца, по престанување на траење на вонредна состојба, просториите во установата се дезинфицираат секојдневно по повеќе пати.

Од градинката информираат дека до денес немаат пријавено друг вработен од истиот објект со симптоми на вирусот Ковид 19.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска