„Не може да се дојде до термин на државна кардиохирургија“: Пациентите незадоволни откако Фондот ги намали операциите во приватните клиники

Од:

Фондот за здравствено осигурување го намали бројот на кардиохируршки интервениции за 2024 година во приватните клиники „Жан Митрев“ и „Систина“ за осигурениците кои досега на државна сметка можеа да се оперираат и лекуваат таму.

Од кардиохируршките интервенции на фондовска сметка, приватните клиники извршуваа операции на аневризма на аорта, замена на валвула, вградување на стентови. Ова се прилично скапи операции, но е намалено времето на чекање кај пациентите на кои им требаат итни интервенции и кои не можат да си дозволат да се оперираат на приватно.

Предлогот беше оправдан со тоа што ФЗО смета дека најголемиот дел од интервенциите можат да се изведуваат на Универзитетската Клиника за државна кардиохирургија и на Клиниката за кардиологија, како и на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија, како и со фактот дека за овие процедури се користат скапи материјали за вградување.

Пензионерот Никола Стојанов (65) е еден од пациентите кои веќе биле оперирани во приватна клиника на товар на Фондот, но откако му поставиле нова дијагноза пред шест месеци сега чека термин за операција на артерија во приватната клиника „Жан Митрев“ затоа што не можат да дојдат до термин на државна кардиохирургија.

– Треба да ми направат бајпас на артерија на десна нога, имам стеснување кај потколеницата, имам потешкотии во движењето и не можам да направам повеќе од 200 чекори, ме фаќаат грчеви во ногата. Лекарите ми рекоа дека треба побрзо да се направи операцијата, сепак квалитетот на живот ми е нарушен Немав друг избор, пред 5-6 месеци во државна кардиохирургија ми го закажаа терминот. Претходно во приватна клиника направив операција бајпас на препони исто така на товар на Фондот и таа мислам дека чинеше 3.800 евра – вели за „А1он“, Никола Стојанов 65-годишен пензионер.

Тој е благодаренн на клиниката „Жан Митрев“ бидејќи при снимањето на артерија случајно му открија дамка на белите дробови.

– Морав брзо на операција која ја направив на државната клиника и сега една третина од десното белодробно крило ми е отстранета и се надевам успешно заздравувам. Благодарение на лекарите во „Жан Митрев“ што забележаа дека имам проблем и успешно беше решен – истакна Стојанов.

ФЗО за 2024 година обезбеди средства за максимално 157 здравствени услуги за трансаортална имплементација или репласман на валвула, ендоваскуларна поправка на аневризма на торакална аорта со еден или два стента, ендоваскуларна поправка на аневризам на абдоминална аорта со стент, хибридни процедури на срце и големи крвни садови, замена на аортна валвула и поставување уред за механичка потпора, односно вградување помошен уред за поддршка на срцева работа.

Од овие 157 интервенции, ФЗО предлага 131 здравствена услуга на пациентите да им се пружа на државните клиники за кардиохирургија, кардиологија и торакална и васкуларна хирургија.

Приватните клиники, „Жан Митрев“ и „Систина“ ќе добијат 26 интервенции покриени од Фондот за здравство.

Иако од 2015 година функционира и Државна кардиохирургија, истата немаше капацитет да ги изврши се поголемиот број на кардихируршки интервенции на државна сметка во јавно здравство, па пациентите се оперираа во двете најголеми приватни болници исто така на сметка на Фондот.

Би можело да ве интересира

Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев

(ВИДЕО) Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди во Македонија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Безболно на стоматолог за пациентите нетолерантни на болка

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од две милијарди денари на ФЗО

Горан Наумовски

Прва безболна имплантација на заби во Клиника Жан Митрев