Симпозиумот „Водичи во пракса“ организиран од Клиника Жан Митрев ги донесе европските упатства преточени во реални клинички одлуки

Од:

Повеќе од класична научна средба, пред сè практичен „работен“ формат со силна интеракција и дискусија, се впечатоците од симпозиумот „Водичи во пракса“, што го организараше Клиника Жан Митрев а во соработка со Центарот за срце и бели дробови при Универзитетскиот медицински центар во Лајден, Холандија. Фокус на симпозиумот беше практичната примена на најновите ESC/EACTS клинички упатства за третман на коронарна артериска болест и валвуларни срцеви заболувања.

За предавачите, меѓународни кардиоторакални експерти и гостите ова беше единствен и корисен собир чија цел е да ја унапреди праксата во коронарна артериска болест и валвуларни срцеви заболувања. „Присуствуваме на симпозиум со многу дискусии“, посочи проф. д-р Питер Капетеин, нагласувајќи дека „вештачката интелегенција беше една од главните теми“, заедно со „иновации, за во иднина како да се користат клиничките упатства“.

Како водичите да се преточат во реални клинички одлуки беше и централната вредност на симпозиумот, размена на знаење преку презентации, разговори и анализа на случаи, во кои кардиолози и кардиохирурзи ги споредуваа пристапите и ги усогласуваа ставовите со најновите стандарди. „Овој беше фантастичен ден во кој ја опфативме целата област на кардиоторакалната хирургија од коронарна хирургија, до белодробна хирургија, преку валвуларна хирургија па се до иднината на кардиохирургијата“, изјави проф. д-р Роберт Клауц, потенцирајќи ја ширината на темите и вредноста на стручната дискусија.

zan mitrev

Д-р Жан Митрев ја нагласи поентата на ваквите меѓународни собири, да се информира струката за актуелните новитети и да се ажурира знаењето, со јасна мисија пациентите во земјава да имаат пристап до третман „еднаков со оној во најдобрите европски центри“, и дека ваквите симпозиуми се доказ оти „приватното здравство може да биде двигател на напредокот, стандардите и квалитетот во целокупниот здравствен систем“. Министерот за здравство, пак, го потенцираше „интерактивниот формат“ што овозможува отворена размена и соработка, како пат кон „подобрување на клиничкото донесување одлуки и побезбедна, висококвалитетна и поперсонализирана грижа за пациентите“.

Покрај стручниот дел, симпозиумот силно ја одбележаа и оценките за клиниката како модерен здравствен центар, за организацијата, тимската динамика и амбицијата за развој. „Бев поканет од д-р Митрев и морам да кажам дека ова беше фантастичен настан, мислам дека иднината ќе се гради токму во овој центар“, изјави проф. д-р Фридхелм Бејерсдорф. Во сличен тон, проф. д-р Питер Капетеин, главен медицински директор на Медтроник истакна дека по посетата на болницата е „навистина многу импресиониран особено од начинот на кој е организриана како и мотивацијата на вработените“. Проф. д-р Џери Браун додаде дека е „многу импресиониран од начинот на кој оваа клиника е изградена, од работата што се извршува и од тимот што функционира заедно како прекрасна целина“.

Симпозиумот, акредитиран од Лекарската комора на Северна Македонија, заврши со јасни пораки за потребата од натамошно јакнење на мултидисциплинарниот пристап, континуирана едукација и усогласување со највисоките европски стандарди, но и со заклучок што најдобро го сумираа гостите: кога клиничките водичи се ставаат „во пракса“ низ реални случаи, дискусија и искуство, добиваат вистинска тежина за пациентите и за системот.

Би можело да ве интересира

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата