МНР: Седум македонски државјани сместени во хотел близу манастирот Бањска, ги чува косовската полиција

Од:

Министерството за надворешни равоти информираме дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е информација за седум државјани на Република Северна Македонија, од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.

„Амбасадата на Северна Македонија во Приштина е во комуникација со преставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани. Во текот на денот, во неколку наврати Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со Министерката Гервала, и во моментов косовските полициски го обезбедуваат хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интрвју тие да бидат испратени кон дома.

Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер“, соопшти МНР.

Би можело да ве интересира

Кој е Беким Сејдиу – кандидатот за претседател на Косово?

А1он

Србија одби да игра против Косово и се повлече од Медитеранските игри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Семејство од Центар Жупа кое живеело во Италија настрада во несреќата во Словенија

Катерина Ѓуровски

Двајца малолетници меѓу Македонците загинати во Словенија

Катерина Ѓуровски

Загинаа тројца македонски државјани во сообраќајка во Словенија

А1он

Tачи: Очекувам да бидам ослободен од обвиненијата по сите точки

А1он