ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Од:

И покрај тоа што инаугурацијата на 47-от американски претседател заврши, јавноста на социјалните мрежи продолжува да ги коментира модните избори на членовите на семејството Трамп.

За потсетување, Доналд Трамп вчера положи заклетва и стана 47-ми претседател на САД.

Десетици илјади луѓе од сите делови на Америка и светот дојдоа во Вашингтон да ја следат оваа церемонија.

По церемонијата на полагање заклетва, се одржа гала бал, на кој Доналд Трамп и Меланија Трамп го изведоа својот прв танц како претседател и прва дама на САД.

Меланија за оваа пригода облече интересен бел фустан со црни детали од американскиот дизајнер Харви Пјер.

Креацијата беше специјално скроена за првата дама на САД и за овој важен ден, а интересно е што истиот дизајнер направи фустан и за Меланија Трамп во 2017 година, кога нејзиниот сопруг Доналд Трамп првпат стана претседател на САД.

Меланија го комплетираше изгледот со црна огрлица и минимална шминка.

Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп, набрзо се приклучи на подиумот, а нејзиниот прв партнер за танцот беше нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.

Може да се каже дека Иванка за свечената пригода избра чиста елеганција.

Таа облече бел фустан на модната куќа „GIVENCHY“, а со својот гламурозен аутфит и оддаде почит на познатата модна икона Одри Хепберн.

Изгледот го комплетираше со едноставна пунџа, бисери и блескава насмевка.

Би можело да ве интересира

Вил Смит на новиот албум: Морав да го вратам Оскарот затоа што сум црнец

Предраг Петровиќ

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

А1он

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on