Левица повикува да се потпише Македонска платформа: „Една изборна единица и распуштање на историската комисија“

Од:

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи ја објави јавната понуда на Левица за потпишување „Македонска платформа“ во пет точки од страна на сите промакедонски политички партии. Според Левица платформата е со цел утврдување национален консензус заради превенција од постојните уцени при составување Влада, кои доаѓаат од партиите на албанското малцинство (потписници на т.н. Тиранска платформа) – а со единствена цел да се запре понатамошното разградување на Република Македонија и нејзино претворање во полупротекторат:

1. УНИТАРНОСТ – надминување на федералниот, консоцијациски бинационален модел на држава и напуштање на заостанатиот апартхејд-модел за гетоизација на етничките заедници и националните малцинства;

2. ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ – oрганизирање на Република Македонија во една изборна единица и забрана на монолитни и чисто етнички партии;

3. ИДЕНТИТЕТ – распуштање на т.н. Историски комисии за ревидирање на македонската антифашистичка историја и одлучно „не“ за внесувањето на Бугарите во Уставот;

4. СЕКУЛАРНОСТ – строго одделување на верските заедници и религиозни групи од државата и јавните институции и нивно одданочување;

5. ДРЖАВНИ ИНСТИГНИИ – строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации.

Би можело да ве интересира

Левица: Бид Бук не е дозвола за набавка без тендери туку проектна апликација – Мицкоски ја манипулира јавноста за „Скопје 2028“

(ВИДЕО) Станкоска: Хаосот со исплатата на породилните надоместоци продолжува

Горан Наумовски

Левица обвинува: Наместо одговорност, Клековски добил унапредување по ревизорските забелешки

Горан Наумовски

Левица: Унапредувањето на Фетаи е навреда за секој што чесно работи

Левица: Обвинетиот Марковски ја напушти државата со амин од правосудството

Левица: Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ