​​​​​Апасиев: Зошто не е приведен актуелниот директор на Пазарен инспекторат Влатко Стојкоски

Од:

Откако видовме дека пропадна првичниот план за владино прикривање и откако увидовме дека јавниот притисок вродува со плод (преку примерите до градоначалникот и полициските началници), мораме упорно и секојдневно да продолжиме со правно обезличување на секој обид да се заташка истрагата со цел да се заштитат нивните партијаши и клиенти, реагира претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Затоа, денес ќе ја разгледаме улогата на ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ (скратено ДПИ) во трагичниот случај со дискошталата во Кочани, во кој ни загинаа 60 (шеесетмина) младинци, вели Апасиев.

Согласно чл. 8 од посебниот Закон за Државен пазарен инспекторат (Сл. весник на РМ бр. 24/2007), кој досега е менуван и дополнуван 15 пати, токму ДПИ е изрично надлежен за „изрекување инспекциски мерки со цел отстранување на утврдени неправилности“!

Дополнително, во Законот за угостителската дејност (2004), како lex specialis за диско-клубови и кабареа, Државниот пазарен инспекторат е споменат дури 40 пати! Со букви: четириесет пати!

Оттука, нејасно е зошто премиерот Мицкоски, министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски и колегите од Основното јавно обвинителство Кочани го поштедиле од истрага и не му дале својство на „осомничен“ и „обвинет“ на АКТУЕЛНИОТ В.Д. ДИРЕКТОР НА ДПИ – Влатко Стојкоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ!? Типчево е на функција од месец ноември 2024, што значи имал сосема доволно време ,,ex officio” да преземе службено дејствие кое не го презел, наведува Апасиев.

,,Argumentum a fortiori”, ова дотолку повеќе има смисла, ако се знае дека поранешниот директор на ДПИ е осомничен и веќе е во притвор.

Или да ви објаснам, ,,per analogiam”, што, всушност, прават и како ја замајуваат јавноста со првични апсења: ова би било исто како за кривично дело „убиство“ сторено со пиштол, да го обвините производителот на пиштолот во фабриката, а не и непосредниот извршител кој го повлекол чкрапалото, вели Апасиев.

Би можело да ве интересира

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Фатон Азизи кандидат за шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ